ПРАВИЛА

Официјални правила на наградната игра
Момент да блеснеш“

Организатор на наградната игра

Член 1.

Друштвото за глобални комуниации Греј-Ворлдвајд ЛТД ДООЕЛ Скопје (во понатамошниот текст: „Организатор“), со седиште на ул. Франклин Рузвелт 4/37, Скопје,Република Северна Македонија.

Име и времетраење на наградната игра

Член 2.

Името на наградната игра е „Момент да блеснеш“
Наградната игра ќе трае во период од 17.06.2019 г., па се до 27.07.2019 г.

Територија каде што ќе се одвива наградната игра

Член 3.

Наградната игра ќе се одвива на територијата на Република Северна Македонија.

Член 4.

CНаградната игра се организира за да се рекламираат производите на Orbit, во продажните места ширум Република Северна Македонија, каде гумите за џвакање и бомбони Orbit се дел од нивниот асортиман.

Производи кои се дел од наградната игра

Член 5.

Производи кои се дел од наградната игра се гумите за џвакање: ORBIT SPEARMINT, ORBIT BLUEBERRY, ORBIT PEPERMINT, ORBIT WATERMALON, ORBIT GREEN MINT, ORBIT Spearmint BOTTLE 46, ORBIT WHITE FRESHMINT, ORBIT RBG ENVELOPE (raspberry blackcurrant grape) 14g, ORBIT WHITE SPEARMINT, ORBIT WINTERFROST STICKS, ORBIT KIDS BUBBLEGUM STICKS, ORBIT SPEARMINT ENVELOPE 14g, ORBIT BUBBLEMINT, ORBIT WINTERFROST, ORBIT SPEARMINT BOTTLE 60, ORBIT WHITE FRESHMINT 60, ORBIT Pepermint BOTTLE 60, ORBIT WHITE FRUIT, како и бомбоните: ORBIT MINTS SPEARMINT, ORBIT MINTS STRONG MINT, ORBIT PROFFESIONAL MINTS CLASSIC, ORBIT PROFFESIONAL MINTS WILD FRUIT, ORBIT DROPS LEMON, ORBIT DROPS WILDFRUIT, ORBIT DROPS WATERMELON.
Orbit Spearmint mini дражеи од две дражеи не учествуваат во наградната игра.

Право на учество

Член 6.

Во наградната игра, право на учество имаат сите лица над 18 години, кои се граѓани на Република Северна Македонија и ги исполнуваат условите на учество (во понатамошниот текст „Учесници“). Со купување на најмалку било кои две пакувања од Orbit гуми за џвакање или Orbit бомбони, наведени во член 5, учесниците ќе може да учествуваат во наградната игра преку испраќање на СМС порака на бројот 142241 од било кој оператор на територијата на Република Северна Македонија, со следната содржина: Orbit (празно место) број на фискална сметка (празно место) име и презиме. Учесниците за наградната игра, ќе може да испратат СМС започнувајќи од 17.06.2019 г., од 00:01 часот, па се до 27.07.2019 г., 23:59 часот, по што СМС платформата ќе биде затворена и ќе започне извлекувањето. Со учество во наградата игра, учесниците потврдуваат дека ги разбираат условите и се согласуваат со правилата за учество.

Механизам на наградната игра

Член 7.

На територијата на Република Северна Македонија, наградната игра ќе се организира за брендот Orbit и ќе се спроведе преку СМС сервисите на сите мобилни оператори во Република Серверна Македонија.
Секое заинтересирано лице (наведено во член 6), за да учествува во наградната игра, потребно е да купи најмалку било кои две пакувања од Orbit гуми за џвакање или Orbit бомбони, наведени во член 5. Учесниците треба да ја чуваат фискалната сметка, неоштетена, се до крајот на наградната игра и да се вклучат во истата:

  • Почнувајќи од 17.06.2019 г., 00:01 часот, и заклучно до 27.07.2019 23:59 ќе може да праќаат СМС порака на бројот 142241, со следната содржина: Orbit (празно место) број на фискална сметка (празно место) име и презиме. Пораката треба да го содржи оригиналниот број на фискалната сметка, каде е назначено дека се купени најмалку две пакувања Orbit гуми за џвакање. Ако е успешно испраќањето на бројот на фискалната сметка, учесникот ќе добие потврдна СМС порака за учество и линк www.orbitshine.com до интернет страницата, каде ќе може да ги прочита правилата за игра.

Учесникот кој го испратил бројот на фискалната сметка ќе добие потврда за учество со информација дали фискалната сметка е валидна, дали претходно била искористена и статусот за учество.
Цената на една СМС порака е: 5 денари + 18% ДДВ за сите оператори. Организаторот нема удел во менување на цената и затоа Организаторот не презема одговорност за можна промена на цената на пораките.
Еден учесник може да испрати различни фискални броеви и да ги зголеми своите шанси за добивка на награда, но еден учесник може да освоји по една награда од секоја категорија но со различен фискален број.
При испраќање на неточни, нецелосни или невалидни фискални броеви и неисполнување на другите услови за учество (доколку фискалната сметка не е на учесникот, не ја исполнува возрасната граница и слично) учесникот ќе биде дисквалификуван од наградната игра и ќе го изгуби правото на добивање награда.
Точниот фискален број кој е успешно испратен преку СМС порака влегува во учество освен ако претходно истиот не бил искористен во наградната игра. Во случај два различни учесника да го испратат истиот број на фискална сметка, провајдерот ќе испрати смс порака каде ќе го побара прогресивниот број на фискална сметка по чие испраќање ќе му биде испратена порака со статусот за учество.
Правото за учество не е дозволено за вработените на Организаторот, вработените во Mars, Алма – М Дооел како и нивните блиски членови од семејството (деца, сопружници и родители).
*Оранизаторот и операторите не се одговорни за евентуатлни потешкотии на мобилните мрежи или за прекините во комуникација.

Метод за извлекување и објавување на добитниците

Член 8.

Сите СМС пораки се собираат и од нив се извлекува добитникот.
Добитниците на награди во наградната игра ќе бидат извлечени по случаен избор, преку софтвер. Ќе има комисија, која ќе биде задолжена за регуларноста на наградната игра, регуларноста на извлекувањето на добитниците и ќе даде официјален извештај согласно Законот.
На следните датуми ќе се прави извлекување и доделување на следниот фонд на награди:

Датум Награда Вкупна количина на награди
25.06.2019 10 ваучери од 10.0000 ден
10 брендирани Orbit куфери
20 награди
05.07.2019 10 ваучери од 10.0000 ден
10 брендирани Orbit куфери
20 награди
11.07.2019 10 ваучери од 10.0000 ден
10 брендирани Orbit куфери
20 награди
19.07.2019 10 ваучери од 10.0000 ден
10 брендирани Orbit куфери
20 награди
27.07.2019 10 ваучери од 10.0000 ден
10 брендирани Orbit куфери
20 награди
28.07.2019 5 ваучери од 100.000 ден 5 награди

Сите учесници кои имаат испратено порака, до денот пред извлекувањето најдоцна до 23:59 часот, имаат право на учество во неделните извлекувања, кое ќе се направи во 15 часот
Добитниците на главната награда, 5 City Mall ваучер од Комерцијална Банка во вредност од 100.000,00мкд (сто илјади денари), ќе бидат извлечени на 28.07.2019 г., во 15 часот и во ова извлекување ќе учествуваат сите добиени пораки кои биле испратени за наградната игра.
За секоја награда (неделна и главна) ќе биде извлечена и една резерва, која ќе се земе во предвид доколку прво извлечениот добитник е невалиден или не може Организаторот да го исконтактира.
Извлекувањето на наградите ќе биде контролирано од страна на Организаторот. Извлекувањето на наградите ќе се врши автоматски преку софтвер во канцелариите на провајдерот.
Имињата на добитниците ќе бидат објавени на интернет страницата www.orbitshine.com, во посебен дел на страницата креиран за оваа намена, најдоцна 3 дена по извлекувањето.
Исто така, добитниците ќе бидат известени преку СМС на наведениот телефонскиот број. На крајот на наградната игра, сите имиња на добитниците ќе бидат објавени во рок од 3 дена и поставени на интернет страницата www.orbitshine.com, во посебен дел на страницата креиран за оваа намена.
Наградите ќе бидат доставени во рок од 30 дена, од објавување на добитниците или врз основа на претходно договорено време меѓу добитникот и Организаторот.
Извлекувањето на наградите ќе се врши кај Организаторот на улица Никола Тримпаре 26, Скопје

Известувањето на добитниците и подигнувањето на награда

Член 9.

Добитниците ќе бидат информирани за наградите на телефонскиот број со кој се имаат регистрирано. Обврска на секој учесник е редовно да ги проверува телефонските повици на својот телефон, а исто така и да биде достапен за добивање на информации во текот на наградната игра.
Доколку учесникот не е достапен во следните 2 дена од било која причина, за која не е и нема да биде одговорен Организаторот, тој/таа го губи правото на награда. Организаторот нема да има дополнителна одговорност кон учесникот.
Награди ќе бидат доделени лично или преку пошта преку договор со добитникот.
Добитникот ќе треба да достави документ за идентификација, како и оригиналната сметка која била испратена за учество во наградната игра, каде се наведени најмалку две пакувања на Orbit гумите за џвакање. Подигнувањето на наградата ќе може да го реализира и друга личност, но само со законско овластување од страна на добитникот, заверено на нотар.
Потврда ќе биде потпишана при подигнување на наградата.
Ако се надминат 30 дена од дадениот рок, подигнување на наградата ќе биде возможно само преку договор помеѓу Организаторот и добитникот на награда. Според правилата за подигнување на награда, доколку некои од добитниците не ги почитуваат или го надминат наведениот рок, го губат правото на истата.
Наградите кои нема да бидат доделени остануваат во сопственост на Организаторот.

Награди и фонд за награди

Член 10.

Целосната сума за награди изнесува 1.002.000,00 денари со вклучено ДДВ. Точниот број на награди е: 105. Организаторот не смее да додели повеќе награди од предвиденото или награди од различен тип. Фондот на награди се состои од следниве награди:

Име и тип на награда Количина Единечна цена на награда без ДДВ Целосна цена на награди без ДДВ Целосна цена на награди со вклучено ДДВ
Главна награда: City Mall ваучери од Комерцијална Банка 5 100.000,00 500.000,00 500.000,00
Неделна награда: City Mall ваучери од Комерцијална Банка 50 10.000,00 500.000,00 500.000,00
Неделна награда: Брендирани Orbit куфери 50 33,90 1.695,00 2.000,00
Целосен износ 110.033,90 1.001.695,00 1.002.000,00
Целосниот фонд на награди е со вклучено ДДВ.

Информирмирање за наградната игра на учесниците

Член 11.

Учесниците ќе бидат информирани за правилата на наградната игра, фондот за награди и условите за учество преку надворешни информативни канали, интернет страницата www.orbitshine.com, како и пропаганден материјал на продажните места.
Откако Министерството за финансии на Република Северна Македонија ќе даде одобрување за почеток на наградната игра, објавено на интернет страницата www.orbitshine.com, веднаш потоа ќе бидат објавени и правилата за наградната игра пред почетокот на истата.
По добиеното одобрение од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија, правилата за наградата игра стапуваат на сила.

Член 12.

Организаторот е должен да провери дали се исполнети сите услови за учество и дали добитникот ги исполнува сите услови за подигнување на наградата, согласно правилата. По предавањето на наградата, Организаторот нема никаква одговорност кон добитникот на наградата во однос на користењето на истата, освен одговорностите наведени во правилата. Организаторот нема одговорност за достава на наградата и нема да покрие било какви дополнителни трошоци, како што е транспорт или друг тип на трошоци, трошоци за реализација кои не се опишани во правилата или во посебно потпишан договор помеѓу Оранизаторот и добитникот.
Организаторот не е одговорен, доколку добитникот не е во можност да ја подигне или користи наградата.
Резултатите за прогласување на добитниците се конечни. Доколу добитникот сака, може да се откаже од наградата или да ја предаде на друг, согласно законот, но во никој случај не може да ја замени за парични средства.

Согласнот за користење на лични податоци

Член 13.

Со учество во наградната игра, учесникот се согласува да ги даде личните податоци на Организаторот, за користење при реализација на наградата игра, без временско ограничување. Организаторот има право да ги користи личните податоци на секој учесник за потребите на наградната игра. Организаторот не смее да ги користи податоците за било која друга намена, која не е во согласност со законот и ќе ги користи само за потребите на наградната игра. Личните податоци на учесниците на наградната игра, ќе се користат само согласно Законот за заштита на лични податоци (Службен весник на Република Северна Македонија број 7/2005, 103/2008, 124/2008, 124/2010, 135/2011, 43/2014, 153/2015 и 99/2016).

Даноци

Член 14.

Даночната обврска на наградната игра ја презема Организаторот. Организаторот гарантира дека доделувањето на наградата ќе биде согласно со правилата.

Поднесување приговор

Член 15.

Учесникот во наградата игра, има право да поднесе приговор до организаторот, најдоцна 5 (пет) дена од денот на објавување на добитниците на интернет страницата www.orbitshine.com. Организаторот е должен да даде одговор на приговор во рок од 7 дена по добивањето на истата.

Деловна тајна

Член 16.

Вработените на Организаторот и продуцентот, се обврзани да ја чуваат следната информација како деловна тајна: податоците на учесникот (нивниот број, нивниот идентитет и други лични податоци), механизмот за организација на наградната игра и финанскискиот дел за работатата на Организаторите. Гореспоменатите информации можат да бидат дадени на трето лице од страна на Организаторот, само на начин предвиден во законот.

Прекинување на наградната игра

Член 17.

Наградната игра може да се прекине, при ненадејни виши сили вклучувајќи го случајот кога Организаторот не е во можност да ја организира наградната игра. За прекин на наградната игра прво треба да се добие согласнот од Министерство за финансии на Република Серверна Македонија.

Законски мерки

Член 18.

Доколку постојат било какви недорабирања помеѓу организаторот и учесниците на наградната игра, истите ќе бидат решени согласно договорот.
Ако двете страни не постигнат договор, конфликтот помеѓу организаторот и учесниците на наградната игра, ќе биде решен од страна на судот во Скопје.